296
Овошна каша, секогаш добар предлог за појадок.
Состојки:
(за 2 лица)
– 4 лажици овесна каша
– 1 лажица чиа семе
– 1 банана
– една дланка овошје по желба, може да се измеша
– 5-6 бадеми
– 1-2 лажици мед
– 2 дцл вода
– прстофат сол
Подготовка:
Чиа семето потопете го во малку вода, најдобро е да ги оставите подолго, но може да потрае и до 20 минути, доколку немате повеќе време.
Во блендер измешајте половина банана со половина од овошјето.
Оставете ја водата да зоврие, а потоа додадете ја овесната каша и малку сол.
Гответе и мешајте со дрвена лажица непрекинато неколку минути.
Кога ќе згусне, тргнете го од шпорет и по потреба додадете го мешаното овошје, медот и чиа семето.
Ставете во чинии, додадете го преостанатото овошје и сечканите бадеми.
На здравје!