Левица бара прекин на преговорите со Бугарија: „Ако ЕУ не не прифаќа такви какви што сме, дојдено е време за нова надворешно-политичка алтернатива“

од Берта Китинска
350 прегледи

Партијата Левица денеска повика на итен прекин на преговорите со Бугарија и апелираше и останатите парламентарни партии да излезат со ваков став. Доколку Европската Унија, според нив, не може да го прифати македонскиот народ, јазик, држава и култура – такви какви што се, тогаш дојдено е време за „нова надворешно-политичка алтернатива“.

„Од новиот предлог на Европската унија, јасно е дека се наметнати нови (не)европски барања, кои го загрозуваат правото на самоопределување на македонскиот народ и ја деградираат македонската државност. Европските бирократи ги инкорпорираа речиси сите негаторски барања на бугарската влада и повторно застанаа во одбрана на шовинизмот на соседните држави.
Од Македонија се бара уште една нова присилна промена на Уставот, со што еклатантно се врши мешање во внатрешните работи на Републиката и се загрозува сувереноста на македонската држава! ЕУ, иако хиерархиски е далеку пониска од ООН, преку Бугарија го спори постоењето на македонскиот јазик, кој е признаен, и бара договор помеѓу Македонија и Бугарија за „дообјаснување“ на македонскиот јазик за целите на ЕУ, истакнуваат од партијата на Апасиев.

Преседан е, продолжува соопштението, во целото постоење на Евроската унија билатерален спор да влегува во преговарачка рамка.

„Иако Албанија и Грција имаат билатерален спор кој трае со децении, никогаш овие држави не биле уценети со перфидни методи, како што тоа му се прави на македонскиот народ. Понатака, ЕУ констатираше говор на омраза, без да потенцира дека се работи за Република Бугарија но, не констатираше проблем (провокација) во отварањето на Културен центар именуван по фашист, со што дополнително ја одобри оваа национал-шовинистичка нарација. Во предлог – заклучокот ЕУ констатира дека дека Македонија треба да ги напредне правата на етничките заедници, додека бугарскиот Устав не признава никакви етнички заедници“, истакнува Левица.

Доколку се земе во превид методологијата за пристапување, предложена од Франција, со која се овозможува и веќе затворените поглавја одново да се отворат, Бугарија во целиот процес ќе има неограничена можност да го искористи правото на вето, додаваат, меѓу другото, од партијата.

Слични содржини