Неколку земји од Европската унија се залагаат за отпочнување на работа на нов пакет санкции против Русија и Белорусија поради нападот врз Украина, а сакаат и да дадат поголема воена поддршка на Киев, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на дипломати и нацрт-документ.
Според дипломатите, приближно една третина од 27-те влади на ЕУ, главно во нордиските и источните земји, сакаат Европската комисија да започне со работа на нова рунда санкции.
По неколкунеделни спорови, ЕУ минатиот месец се согласи на шестата рунда рестриктивни мерки против Русија и Белорусија, која вклучуваше забрана за нафта и санкции за бродовите и банките.