Петровска: Опозицијата нема капацитет и доблест да ги честита успесите на Армијата

од Берта Китинска
201 прегледи

Опозицијата нема капацитет и доблест да ги честита успесите на Армијата, достигнувањата во кои секој армиски припадник се вложил во изминатите години, туку само критикува и се служи со лаги, смета министерката за одбрана Славјанка Петровска.

– Во поглед на тоа што се случува и што се коментира во Министерството за одбрана и во Армијата, не ме допираат нападите лично врз мене, заради тоа што се лаги. Заради тоа што ако внимателно и се проследат или се анализираат нападите, ќе видите дека прашањата се упатуваат до мене, но тоа не значи моја инволвираност во одредени процеси. Јас никогаш не сум бегала и нема да бегам од одговорност, впрочем седењето на одредена позиција значи и прифаќање на одговорноста. Она што мене ме загрижува во суштина и што не можам да го разберам и не гледам државотворност кај опозицијата, е што на сите овие успеси што Армијата -не јас, Армијата ги имаше за ова кратко време, јас не слушнав честитка од нивна страна, кажа Петровска во Утрински Брифинг.

Слични содржини