Мицкоски: Францускиот предлог значи организирање фото-сесија во Брисел

од Nikola Popovski
223 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека последниот француски предлог не вели отпочнување преговори, туку организирање фото-сесија во Брисел, доколку оваа преговарачка рамка биде усвоена од земјите-членки во ЕУ и доставена до Македонија.

-Не вели никаде отпочнување преговори, туку организирање фото-сесија и дополнителен услов – уставни измени кои што треба да ги вклучат бугарските барања. Нема шанси никогаш додека сум ја претседател, со оваа преговарачка рамка, да дозволам да бидат вклучени и Уставот да претрпи измени. Договорот за добрососедство со тоа ќе стане дел од преговарачката рамка, заедно со протокол кој што никој не го видел. Овој протокол е дел од преговарачката рамка според последниот предлог, вели Мицкоски.

Тој истакна дека со вклучувањето на билатералните договори во преговарачката рамка, тие стануваат мултилатерални.

-Ако Радев вика дека францускиот предлог е најдобар, ние треба да го ставиме прстот на чело и да размислиме. Радев е главниот играч и главен креатор на политики. Суштината е ако тој вели дека е добар и најдобар што некогаш не го добила Бугарија, зошто никој не се врати два чекори наназад, па да почнуваме да зборуваме за германскиот предлог, ајде да зборуваме за португалскиот предлог, за се што било претходно. Зошто за Радев овој предлог е најдобар? Треба да размислиме… Секој ден тактизирање значи дека овој предлог е следната преговарачка позиција, одиме нагоре. Неодговорно е што владата молчи. Требаше да излезат со став, вели Мицкоски во емисијата „24 анализа“.