Скапоцен автомобил на Кристијано Роналдо е уништен во сообраќајна несреќа во која Португалецот не учествувал.
Во несреќата учествувал „Бугати Вејрон“ кој чини околу 2,5 милиони евра и со кој Роналдо дошол на одмор на Мајорка.
Кристијано пред една недела пристигна во Мајорка со сопругата Џорџина и децата, а како што пренесува „Periodico Mediterraneo“, уништеното Бугати го возел еден од вработените на Роналдо.
Тој изгубил контрола над возилото и удрил во влезот од куќата, возачот поминал без поголеми повреди, но предниот дел од автомобилот претрпел голема штета.
„Бугати“ може да достигне брзина и до 407 километри на час, а беше прогласен за автомобил од 2000-тите од познатото шоу „Top Gear“.
Португалецот е голем љубител на брзи автомобили, а се проценува дека во гаражата има автомобили вредни околу 20 милиони евра.
Ronaldo´s super car has Mallorca accident – Majorca Daily Bulletin https://t.co/s3qcnxqCVI pic.twitter.com/5Gt1zfMpdL
— Win a Supercar (@supercarcomp) June 20, 2022