178
Официјален Киев призна дека има потешкотии во борбите во источна Украина откако руските сили ја окупираа територијата долж фронтот во тој дел од земјата и го зголемија притисокот врз два клучни града, објави „Ројтерс“.
Гувернерот на украинската област Луганск, Серхиј Гајдаи, каде се случуваат најсилните руски напади во последните недели, изјави дека ситуацијата од понеделникот вечерта е „исклучително тешка“ на целата линија на фронтот.
Гувернерот на украинската област Луганск оцени дека руската армија концентрирала доволно резерви за да започне офанзива од големи размери.