Бен Стилер ја посети Украина и се сретна со Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska
319 прегледи

Украинците ја чувствуваат поддршката на целиот свет, но и на многу познати личности, изјави во понеделник претседателот на Украина по повод посетата на холивудскиот актер Бен Стилер на Ирпин и Макаров и неговите средби со локалното население, пренесува „Анадолија“.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, се сретна со актерот, режисерот, сценарист и продуцент Бен Стилер, кој е во посета на Украина како амбасадор на добра волја на УНХЦР.

Актерот посебно ги посети уништените станбени зони во Ирпин, каде разговараше со граѓаните кои ја преживеаја окупацијата.

Претседателот на Украина и холивудскиот актер разговараа за потребите на привремено раселените лица во Украина, како и за оние во Полска, која Стилер ја посети еден ден претходно.

Според проценките на Обединетите нации, повеќе од 4.500 цивили се убиени во Украина од почетокот на војната на 24 февруари, а се верува дека вистинскиот број е многу поголем.

Според податоците на ОН, повеќе од 14 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, вклучително и повеќе од 7,7 милиони кои побегнале во други земји.

Слични содржини