Ѕвездата на Евертон, Ричарлисон би можел да се пресели во Челси. Според „Liverpool Echo“, Бразилецот е на врвот на трансфер листата на Томас Тухел. „Сините“ од Лондон планираат во евентуална зделка да вклучат еден или двајца свои играчи, а меѓу имињата за кои се разговара е и она на Кристијан Пулишиќ.
И Арсенал и Тотенхем сакаат да го привлечат Ричарлисон, но пред неколку дена беше одбиена понудата на „мамузите“ вредна 50 милиони фунти. Повеќе извори велат дека најголеми се шансите на Челси да го купи бразилскиот репрезентативец.
25-годишниот напаѓач минатата сезона постигна 10 гола на 32 натпревари во сите натпреварувања, но често го мачеа повреди. Сепак, тој придонесе на крајот на кампањата бидејќи Евертон се бореше да опстане во Премиер лигата.
Договорот на Ричарлисон со „карамелите“ е до летото 2024 година.