Започна најголемиот национален штрајк на железницата во Британија

од Stefanija Kuzmanovska
160 прегледи

Обединетото Кралство се соочи со најголемиот штрајк на железницата во последните 30 години, а десетици илјади вработени престанаа да работат поради спор околу платите. Блокадите беа поставени во зори и ќе бидат присутни до сабота, што ќе го запре сообраќајот и на лондонското метро.

Околу 40.000 железничари штрајкуваат поради замрзнување на платите и намалување на бројот на работни места, а синдикатите сметаат дека ова е само почеток на евентуалниот „лет на незадоволството“ кај наставниците, медицинските лица, па дури и адвокатите кои се вртат кон индустриска акција.

„Нашата кампања ќе трае онолку колку што е потребно“, изјави Меј Линч, генерален секретар на Синдикатот на работниците во железницата, поморството и транспортот, пренесува „Танјуг“.

„Network Rail“, компанијата која управува со британската железничка инфраструктура, направи се за да се избегне денешната суспензија, нагласи нејзиниот извршен директор Ендрју Хејнс. Тој за Би-Би-Си изјави дека му е „длабоко жал“ за немирите со кои се соочуваат патниците.

Протестот на железничарите значи дека само околу половина од британската железничка мрежа ќе биде отворена во деновите на штрајкот со многу ограничени услуги на тие линии.

Слични содржини