Јужна Кореја ја лансираше првата вселенска ракета од домашно производство

од Stefanija Kuzmanovska
132 прегледи

Јужна Кореја денеска ја лансираше својата прва вселенска ракета од домашно производство, според снимките објавени на телевизија, неколку месеци по неуспешниот прв обид во октомври, пренесе агенцијата АФП.

Корејската ракета за лансирање на сателитот, на течно гориво од 200 тони, официјално наречена Нури, полета од полигонот Гехеунг во 16.00 часот по локално време (9.00 часот по средноевропско време).

Коментаторот рече дека „се чини дека сè оди според планот“. Резултатите ќе бидат официјално објавени подоцна денеска.

Во првиот обид во октомври пробниот товар ја достигна саканата висина од 700 километри, но не влезе во орбитата бидејќи моторот на третата фаза на ракетата изгоре порано од планираното, пренесува агенцијата АП.

Доколку денешното лансирање биде успешно, Јужна Кореја ќе стане десеттата земја во светот која лансира сателит во вселената со сопствена технологија.

Слични содржини