Американски бизнисмен преговара за Лион

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Француски Олимпик Лион потврди дека се водат преговори со американскиот бизнисмен Џон Текстер за купување на најголемиот удел во акциите на фудбалскиот клуб, пренесоа локалните медиуми.

@Eagle Football Holdings“ е во напредни разговори со претседателот Жан-Мишел Олас за стекнување на контролен удел. Текстер има удел во премиерлигашкиот клуб Кристал Палас.

Олимпик Лион освои седум последователни шампионски титули на Франција од сезоната 2001-02, но драстично падна во последниве години откако катарскиот инвестициски фонд Пари Сен Жермен доминираше во лигата.

Фудбалските клубови привлекуваат милијардери и олигарси од целиот свет поради нивните скапи телевизиски права и профитабилен недвижен имот.

Слични содржини