Српскиот претседател Александар Вучиќ во телефонски разговор го информирал шефот на европската дипломатија Жосеп Борел дека утре напладне ќе биде соопштена заедничката одлука на Србија, Албанија и Северна Македонија за можно учество на самитот на ЕУ и Западен Балкан во Брисел.
Во пресрет на претстојниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Брисел, Вучиќ го информирал високиот претставник Борел дека утринава разговарал со премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевски и дека за постигнатиот договор, по консултациите со владите и советничките тимови, утре напладне ќе биде објавена заедничка одлука за евентуално учество на собирот“.
Во телефонскиот разговор со српскиот претседател, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Борел изразил задоволство од напредокот постигнат во дијалогот Белград-Приштина на состанокот на главните преговарачи и специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак, кој усвои патоказ за спроведување на енергетски договор.