Кортни Кокс има порака за сите оние кои очекуваат нов собир на екипата на „Пријатели“

од Stefanija Kuzmanovska
339 прегледи

Иако ѕвездите од серијата „Пријатели“ добија по пет милиони долари за минатогодишното дружење во специјалниот „Friends: The Reunion“, тие веќе не планираат слични проекти.

Ова во интервју за Variety го откри Кортни Кокс, која го толкуваше ликот на Моника Гелер, велејќи дека тоа е крајот на таквите програми.

„Не чувствувам дека серијата е завршена, но нема да се собереме повторно. Замислете, тоа би било ‘Имаме 80 години и сега ќе се вратиме’“, изјави Кокс за Variety.

За актерката, специјалното издание што беше претставено пред публиката минатиот мај беше многу емотивно, како и за остатокот од тимот – Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.

Целиот сет беше реконструиран за нив, па повторно можевме да ги видиме во познатата кујна и дневна соба, но и во кафулето „Central Perk“.

Слични содржини