Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во телефонски разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски истакна дека Унгарија поддржува давање на Украина статус на кандидат за членство во Европската унија и отстранување на бирократските пречки за нејзиното членство.
Како што било соопштено за МТИ, Орбан ветил дека тој став ќе го изнесе на самитот на ЕУ во Брисел на крајот на неделата.
Во име на украинскиот народ, Зеленски му се заблагодари на унгарскиот народ за помошта.