ПСЖ му го понуди Нејмар на Јувентус

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар би можел да му се приклучи на Јувентус, според Calciomercato.it.

Новиот спортски директор на тимот од Париз, Луис Кампос, стапил во контакт со раководството на торинскиот клуб и му понудил да го ангажира 30-годишниот фудбалер.

Се истакнува дека ПСЖ е подготвен да плати дел од платата на Бразилецот.

Францускиот клуб сака да го олесни платниот список и да се раздели со некои од своите скапи играчи. Нејмар, кој има плата од околу 50 милиони евра по сезона е еден од кандидатите за трансфер.

Сепак, играчот му порачал на клубот дека не планира да си замине. 30-годишниот Нејмар игра за ПСЖ од 2017 година, преминувајќи од Барселона за рекордни 222 милиони евра. Неговиот договор со парижаните е до 2025 година.

Бразилецот минатата сезона во Лига 1 на 22 натпревари постигна 13 гола и направи 6 асистенции.

Слични содржини