Ето осуден на 22 месеци поради даночно затајување, треба да плати четири милиони евра

од Nikola Popovski
123 прегледи

Поранешниот камерунски фудбалер Самуел Ето е осуден на условна затворска казна во Шпанија поради затајување данок додека играл за Барселона, соопшти шпанскиот суд.

Тој е осуден на условна 22 месеци и ќе врати речиси четири милиони евра долг.

Камерунецот избегнал да ја отслужи казната бидејќи во Шпанија казните пократки од две години можат да бидат условни за оние кои првпат извршиле кривично дело.

Тој настапуваше за Барселона од 2004 до 2009 година, помагајќи му на тимот да освои две титули во Лигата на шампионите и три трофеи во шпанската лига.

Во моментов е претседател на Фудбалската асоцијација на Камерун.