Ако Софија сака Бугари во Уставот, нека ја тргнат забелешката од македонски јазик, предлага Димитров

од Nikola Popovski
269 прегледи

Со овој предлог не ги ни започнуваме формално преговорите со ЕУ. Албанија ќе ги започне преговорите. Ние нема да ги започнеме се додека не го смениме Уставот со две-третинско мнозинство. Овој предлог на земјава ѝ носи дека „ќе си паркираме, ама маката ќе биде кај нас“ дека сме се согласиле на правила, кои што бугарското барање го прават европски услов и ќе си чекаме да се собере две-третинско мнозинство во Собранието, вели поранешниот шеф на дипломатијата и поранешен вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров.

Димитров вели што би довел нашиот молк во случај Бугарското собрание да го отфрли предлогот.

-Нашето молчење во тоа сценарио би значело дека следниот предлог ќе биде уште поблиску до максималните бугарски позиции. Оовој предлог е ваков поради две работи – геополитичката ситуација во Европа и тврдоста на Софија и мекоста на Скопје. Кога Франција доаѓа и вика овој проблем сакам да го решам и ми треба напредок на Балканот…Ние и денес можеме ова да го спречиме, ако нашата влада каже ова не може. Ако они сакаат да ставиме Бугари во Уставот, нека ја тргнат забелешката од македонски јазик или не може да се компромитира и билатерализира преговарачката рамка. Ако ние имаме таков став, може да се најдат земји-членки што ќе не поддржат. Важно е какви сигнали испраќаме ние. Молкот е опасен смета Димитров во гостувањето на „Топ тема“.

Слични содржини