Сити одбил 5 понуди за Алварез

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Најмалку пет понуди за напаѓачот Хулијан Алварез биле одбиени од Манчестер Сити, пренесува новинарот Фабрицио Романо, кој е запознаен со трансфер пазарот.

22-годишниот аргентински репрезентативец беше купен од „граѓаните“ во јануари за 15 милиони фунти, но веднаш беше префрлен на позајмица во клубот кој му ги продаде правата на Сити – Ривер Плата.

Тој ќе остане на располагање на тимот од Буенос Аирес до 7 јули, по што ќе им се приклучи на „граѓаните“.

Слични содржини