Бен Стилер по посетата на Украина: „Беше многу трогателно да се слушаат тие потресни приказни“

од Stefanija Kuzmanovska
239 прегледи

Американскиот актер Бен Стилер во вчерашното интервју за BBC Breakfast изјави дека е многу трогнат од сето она што го видел во Украина, земја која е изложена на руски напади од февруари, и сведоштвата што ги слушнал од Украинците.

Ѕвездата на филмот Zoolander, амбасадорот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци, во понеделникот ја посети Украина по повод Светскиот ден на бегалците.

„Беше многу трогателно да се слушаат тие навистина потресни приказни“, рече Стилер, кој го посети Ирпин, предградие на Киев погодено од почетокот на руската инвазија.

Стилер рече дека разговарал со украинскиот претседател Владимир Зеленски во понеделникот, откако поминал време со преживеаните кои живеат во окупираните населби во регионот на Киев.

Американскиот актер и режисер изјави дека никогаш не влегол во „подрачје кое е во конфликт“ пред неговата посета на Украина.

„Навистина е чудно бидејќи кога возите западно од земјата, не го чувствувате конфликтот, освен полицискиот час во текот на ноќта, каде што станува многу тивко и малку морничаво“, рече тој. „И потоа, како што се приближувате до Киев… почнувате да гледате блокади на патиштата и да гледате уништување, што е навистина шокантно кога не сте виделе такво нешто одблизу“.

„Гледајќи колку беа физички уништени тие населби, кои се навистина огромни, беше невозможно да не ве погоди“, додаде тој.

Стилер досега ги посети Либан, Јордан и Гватемала.

Слични содржини