Серена: Не правам големи планови за иднината, носам одлуки од ден на ден

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Серена Вилијамс по една година отсуство се врати на тенисот со победа во двојки на турнирот во Истбурн, но американската ѕвезда призна дека нејзината иднина на теренот останува неизвесна.

23-кратната Гренд слем шампионка, која нема играно ниту една година откако се повреди во првото коло на минатогодишниот Вимблдон, го оствари долгоочекуваното враќање со успех во тандем со Тунижанката Онс Жабур.

„Буквално носам одлуки од ден на ден“, изјави Вилијамс на новинарите за плановите за кариерата.

„Ми требаше долго време да се опоравам од повредата и не сакам да носам долгорочни одлуки. Често се сомневав дека повторно ќе можам да играм тенис”, додаде 40-годишната Американка.

На прашањето дали ќе игра следната година, Вилијамс рече: „Не знам, не можам да одговорам. Но, јас го сакам тенисот и сакам да играм, инаку не би била тука, нели?“

Слични содржини