Aлбанскиот премиер Еди Рама смета дека е позитивен знак веста на бугарската опозиција која се согласува да се повлече ветото на Софија за старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
– Само што слушнав дека денеска нешто се движи во Бугарија. Рано е да се биде оптимист и премалку е да се сменат делови од утрешниот говор каде Бугарија е критикувана како земја која држела две земји од НАТО како заложници, додека има војна во границите на Европа, напиша Рама на Твитер.
Just heard right now that something is moving today in Bulgaria. Too early to be optimistic and too little to change the part of the tomorrow speech where Bulgaria is criticised as a country which has kidnapped two NATO countries while there is a hot war at the Europe's border!
— Edi Rama (@ediramaal) June 22, 2022