Кабинетот на Петков: Го отфрламе предлогот на Борисов за С. Македонија

од Nikola Popovski
369 прегледи

Владата го отфрли предлогот на Бојко Борисов прво да се одобри предлогот на француското претседателство со кој би се „отклучил“ процесот за почеток на преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, а потоа да се донесе одлука за влез во Националното собрание и да се добие поддршката од 59-те пратеници од ГЕРБ

Ова стана јасно од коментарот на шефицата на бугарскиот владин кабинет и портпаролка на Кирил Петков, Лена Бориславова за бугарски „Дневник“.

Таа рече дека премиерот Петков нема да отстапи од повеќекратно најавуваната формула за решение за Македонија – прво да помине низ Собраниската комисија за надворешна политика, потоа низ пленарната сала, каде што ќе добие широка поддршка, а потоа преку Советот на министри.

-Важно е Борисов да им нареди на своите 59 пратеници да одат да работат на ажурирањето на буџетот и законите за планот за закрепнување и одржливост“, прокоментира Бориславова.

Слични содржини