Има повлекување од рамковниот став изгласан од поранешната влада и Националното собрание, но овие повлекувања се разбирливи, бидејќи нашите барања мора да се подигнат на повисоко европско ниво, изјави историчарот Наум Кајчев, кој е заменик-претседател на Мешовитата историска комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија, по францускиот предлог до Софија и Скопје.
Според него, „треба поцелосно да се бранат позиции за прашањата поврзани со заедничката историја на двете земји и формулацијата на официјалниот јазик на Македонците, кој го сметаме за варијанта на бугарскиот јазик“.
-Овој пакет не е камен што не може дополнително да се изделка и менува, рече Кајчев, кој е и поранешен дипломат.
Според него, има заживување на темата пред Европскиот совет, но истовремено има фрагментација на позициите на институциите и партиите, додека бугарските граѓани сакаат да видат зачувување на консензус за темата Северна Македонија.
-Да се надеваме дека ќе има повеќе синхроничност и повеќе здрав разум меѓу политичките институции и партиите, рече тој.
Тој смета дека позитивните оценки на француското претседателство не се случајни, бидејќи нивниот предлог ги исполнува бугарските претензии и заштитата на интересите на ЕУ.
-Промените во уставот и спроведувањето на договорот стануваат дел од преговарачката рамка и се предмет на мониторинг ширум ЕУ, рече историчарот.
-Претседателот Стево Пендаровски има предизвикувачки јазик не само кон Бугарија туку и кон ЕУ, додека владата има попозитивен став. Очигледно е дека политичките прашања ќе продолжат во РСМ, но поважно е да си ја завршиме работата и да се обединиме во заеднички акционен план, кој може да се развие кон францускиот предлог, додаде Кајчев, пренесува „БНР“.