АА го прашува Ахмети: Што се разговарало на средбите со руските амбасадори пред 5 години?

од Nikola Popovski
203 прегледи

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, деновиве призна дека имал средби не со еден, туку со неколку руски амбасадори во Скопје, како и со амбасадорот на Србија. Можеби ќе тврдите дека средбите со странски дипломати се нормални за претседателите на политичките партии, но во овој случај тоа се тајни средби, кои досега не биле објавени. Никогаш немало официјално соопштение од ДУИ за средби на раководството на оваа партија со руските амбасадори, стои во соопштението на опозициската Алијанса за Албанците (АА).

Од таму јавно прашуваат зошто се одржувале тајните средби.

-Што се разговарало на овие средби, кому му служеле и што произлегло од нив. Конкретно, го прашуваме господинот Ахмети дали овие средби ги одржал пред 27 април 2017 година и пред да му биде продадена парцелата во Тетово на рускиот олигарх Дака Давидовиќ?, прашуваат од АА.

Слични содржини