Нашата вредност и надеж е во принципите на Европа и во тоа што ние сме целосно во право. Немаме никакви аспирации кон Бугарија, таа има кон нас, особено кон македонскиот народ. Сега ние ако глумиме дека сме фини и викаме дека тоа е братски народ, не се жалиме надвор, тоа е пораз и ЕУ. Во новата методолија има реченица „сите страни мора да се воздржат од злоупотреба на нерешени билатерални прашања во пристапниот процес“. Тоа е иницирано од Франција, вели поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.
Според него, преговарачката тактика на Бугарија е бољшевичка тактика.
-Вие правите еден чекор кон нив, тие прават два чекори назад. И ако ние даваме сигнали дека сме очајни, тие велат дека ќе го држиме ветото додека не ги добиеме 100:0. Овој предлог од Париз е 95 спрема 5, само македонскиот јазик е во рамката, а притоа сме прифатиле да менуваме Устав без да прифатиме нешто за возврат, вели Димитров во емисијата „Студио 10“.