Рама објави „селфи“ со Ковачевски: „Се уште го чекаме Годо? Не, навикнати сме на оваа шарада“

од Nikola Popovski
490 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски од Брисел, каде што претстојуваат на Самитот на ЕУ.

Ковачевски покрај „селфито“ напиша дека „повеќе не го чекаат Годо“.

-Сè уште го чекаме Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога било посветени сме да ја поттикнеме модернизацијата на нашите земји и нашиот регион со непоколеблив европски дух, напиша Рама покрај фотографијата на Твитер.

Претходно при пристигнувањето во Брисел, Рама остро ја нападна Бугарија дека со блокирање на процесот, „киднапирала“ две земји-членки на НАТО.

Слични содржини