Зеленски: Најважната одлука во 30 години независност, слава на Украина

од Nikola Popovski
200 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оствари видео-контакт со самитот на Европскиот совет и одржа краток говор по повод историската одлука со која Украина доби статус на кандидат за членство во ЕУ.

„Една од најважните одлуки за Украина во сите триесет години од независноста на нашата земја. Сепак, оваа одлука не е само за Украина.

Ова е најголемиот чекор во зајакнувањето на Европа што може да се направи токму сега, токму во наше време, и токму во такви услови, кога руската војна ја испитува нашата способност да ја зачуваме слободата и единството. Благодарност до самитот на сите европски лидери.

Благодарност до нашите херои, до сите оние кои со оружје во рацете ја бранат независноста на Украина и слободата на Европа. Ви благодарам! Ви благодариме што ја направивте новата историја на Европа уште посилна, уште послободна. Слава на Украина!“, рече Зеленски во видео-обраќањето.