Крајно време е Мицкоски да се промени и да застане на страната на државата, побара Каевски

од Nikola Popovski
220 прегледи

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски денеска побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се извини, за како што вели, „невистините, лажни вести преку кои дома ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, а надвор ги поткопуваа државните позиции“.

-Лажеше Мицкоски и за наводна распродажба на идентитетот, на историјата и македонскиот јазик. Тоа е неодговорно, незрело и антидржавно однесување во клучни моменти за земјата и го покажува вистинското лице на оваа партија. Откако сите нивни лаги пропаднаа, најмалку што можат да сторат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е да им се извинат на граѓаните. Крајно време е Мицкоски да се промени и да застане на страната на државата, на граѓаните, да ги поддржи државните позиции во односите со Бугарија наместо да ги поткопуваат, порача Каевски.

Портпаролот побара Мицкоски конечно да почне да работи за интересите на граѓаните и државата, наместо за интересите на некои туѓи центри на моќ.

-Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски ќе продолжи да ги брани државните позиции и национални интереси, без разлика на тоа како ќе постапуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, рече Каевски на прес-конференција.

Слични содржини