Њукасл го претстави своето второ засилување ова лето. Станува збор за голманот Ник Поуп кој пристигнува од Барнли за 12 милиони фунти. Англискиот репрезентативец потпиша договор на 4 години.
Поуп помина шест години на „Турф Мур“, каде што се етаблира како еден од најдобрите голмани во Англија. Откако Барнли отпадна, шансите за негово заминување станаа многу големи.
Поуп е вториот нов играч на Њукасл ова лето по Мет Таргет, кој дел од минатата сезона играше како позајмен на Сент Џејмс Парк, но сега е купен од Астон Вила.
Се очекува „Страчките“ повторно да бидат активни на трансфер пазарот, како во зима кога дадоа над 90 милиони за нови играчи.