Ковачки: Францускиот предлог бил изработен со вклученост на сите страни

од Nikola Popovski
195 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки денеска повторно побара одговорност од премиерот Димитар Ковачевски за францускиот предлог.

-Ковачевски не може да манипулира дека тој и владата не знаеле за предлогот во чија подготовка учествувале официјални државни органи. И според изјавите на Стево Пендаровски, но и бројни дипломати од кариера предлогот бил изработен со вклученост на сите страни.

Бараме одговорност и оставки од Бојан Маричиќ и Бујар Османи како директно вклучени во процесот на преговори. Одговорноста не смее да се сведе на принципот на кабелот е виновен за пожарот на некој административни функционери. На народот му е преку глава од манипулации, рече Ковачки на прес-конференција.

Според него, „целиот план им бил преку блицкриг манипулација да се манипулира и лаже јавноста“.

-Вака направената штета не е моментална, туку трајна и за ова мора да има одговорност, потенцира Ковачки.

Слични содржини