За одговорноста, прашањето на успех е релативно. Дали заштита на интересите е успрх или нешто друго. Ние не го квалификуваме ова прашање како црно-бело прашање на успех или неуспех. Ова е наша борба за да станеме членка на ЕУ, застапувајќи ги интересите на државта и граѓаните. Нема да правиме компромис – ќе станеме еден ден членка на ЕУ, но со заштитени државни и национални интереси, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи како одговор на новинарско прашање дали ќе понесат одговорност околу ситуацијата со францускиот предлог на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за економски прашања, Бојан Маричиќ.
Шефот на македонската дипломатија додаде комуницирале со француската амбасада колку да ја почитуваат формата.
-И вчера бевме во комуникација со делегацијата на Макрон. Премиерот Ковачевски беше во контакт со Макрон. Нема никакви дилеми дека тоа е ненамерна, погрешна формулација. Макрон нема дилема во однос на идентитетот и прашањата кои овде се дефинирани и во Обединетите нации и во ЕУ, додаде Османи како одговор на прашањето како ја коментира вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон каде што не нарекува „Северномакедонци“.