156
Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг одигра клучна улога во разделбата меѓу клубот и Ралф Рангник, кој имаше договор со клубот да остане на „Олд Трафорд“ како советник.
Според ESPN, Холанѓанецот не сакал да соработува со својот претходник, па дури и неколку пати одбил да го види лице в лице за да разговараат за нивната идна заедничка работа.
Тен Хаг бил склон само да разговара по телефон со Германецот, кој инсистирал на средба во живо.
Откако клубот јасно стави до знаење дека двајцата нема да соработуваат, започнаа разговори со Рангник за разделба по заедничка согласност.
Инаку, поранешниот привремен менаџер на „црвените ѓаволи“ бил подготвен да ги спои обврските како селектор на Австрија и советник на Манчестер Јунајтед.