Иванов за францускиот предлог: Работата е зрела ќе поминат ден-два за да се ,,допеглаат“ некои разбирања

од Берта Китинска

Јазикот како идентитет е клучот на бугарските барање, но овој пат тој станува рамноправен со тоа што бугарската страна ќе направи нота во која ќе пишува дека не го признава во рамките на ЕУ, вели новинарот Зоран Иванов во „Само Вистина“

-Ако се гледа малку подлабоко може да се забележи дека во оваа политичка дисторзија која владее во Бугарија како некоја сила да ги пикна пратениците да го изгласаат францускиот предлог.Сметам дека ние како и бугарската страна добивме шлаканица, и Макрон доби малку шлаканица.Како и да е ова пред да дојде до оваа ситуација можеше да се превенира, но ЕУ не е баш секогаш наклонета кон земји кои се надвор од Унијата. Факт е дека работата е зрела ќе поминат ден, два да се „допеглаат“ некои разбирања во некои формулации и како би течел протоколот, вели Иванов.

Слични содржини