163
Американската Влада излезе со став во однос на неизвесноста околу започнувањето на претпристапните преговори меѓу Македонија и ЕУ, а по неуспешниот Самит ЕУ-Западен Балкан неделава во Брисел.
За Вашингтон, веродостојноста на перспективата за проширување на ЕУ е животно важна за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан.
-Сметаме дека кредибилитетот на перспективата на проширување на ЕУ е од животна важност за стабилноста и просперитеот на Западен Балкан, соопштија денеска за МИА од американскиот Стејт департмент.
Оттаму укажаа дека продолжуваат да даваат поддршка за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија и Албанија што е можно побргу.