Нехамер гледа пробив во решавањето на спорот меѓу Македонија и Бугарија

од Nikola Popovski
251 прегледи

Австрискиот канцелар Карл Нехамер смета дека бугарскиот парламент направил пробив со вчерашната одлука „да се откаже од ветото“ за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија во ЕУ.

Тој му честиташе на бугарскиот премиер во заминување Кирил Петков за неговата лична заложба за решавање на ова прашање.

Според Нехамер, одлуката на бугарскиот парламент отвора нови можности и го забрзува решавањето на спорот.

Сепак, канцеларот очекува дискусии на македонската страна.

„Верувам дека прашањето може да се реши“, изјавил Нехамер.

Слични содржини