Македонскиот јазик од следната академска година ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Со заложби на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од следната академска година, македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет, коишто се заинтересирани за македонистиката, информираат од Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК).

До сега, македонскиот јазик можеа да го изучуваат само студентите на Факултетот за литература, а од есен, преку нови предмети во четири семестри, македонистиката ќе можат да ја изучуваат студентите од сите факултети.

– Минатата година, кога одбележавме 35 години од отворањето на лекторатот по македонски јазик во Истанбул, сè обврзавме дека соработката ќе ја продлабочиме и дека ќе продолжат вложувањата во зајакнувањето и афирмацијата на македонистиката на Истанбулскиот универзитет. Драго ми е што годинава, она на што се обврзавме следејќи го и заветот на Блаже Конески, веќе се остварува. Со можноста македонистиката да ја изучуваат студентите од сите факултети на Истанбулскиот универзитет, се покажува дека искажаната взаемна решеност не е само формална, туку суштинска, втемелена на одличната повеќедецениска соработка помеѓу двата универзитета, пред сè во сферата на македонистиката, истакна директорката на МСМЈЛК, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, по повод новите перспективи за македонистиката на Истанбулскиот универзитет.

Слични содржини