Њукасл почна да го засилува тимот кога од Барнли го донесе искусниот голман Ник Поуп, а очигледно е дека одбраната ќе биде центар на инвестиции во овој преоден рок.
Според англиските медиуми, Свен Ботман конечно е подготвен да дојде во Англија.
Њукасл долго време го бараше, но не го сакаа Холанѓанецот во тимот кој се бори за опстанок. И сега ќе го собори рекордот.
Досега најскап играч во историјата на Њукасл беше Бразилецот Џолинтон кој беше платен 44.000.000 евра, а сега ќе плати 45.000.000 за услугите на стоперот на Лил.
Инвестициите се случија откако саудиските сопственици го презедоа Њукасл, но тие не изгледаат како што се очекуваше.
Засега се доведени Кјеран Трипие, Крис Вуд, Бруно Гимараеш и Ден Бурн, кои минатата сезона успеаја да го задржат тимот во Премиер лигата.
Сега со Поуп и Ботман продолжува реконструкцијата на тимот.