Рецепт: Кремаста компир салата со пилешко

од Vladimir Zorba
596 прегледи

Нема куќа на Балканот каде трпезата може да помине без некое јадење со компири. Дали ќе биде супа, пире од компири или салата од компири, во принцип, не е важно, само ретко ручек поминува без овој зеленчук.

Затоа за вас подготвивме рецепт за салата со компири и пилешко.

Покрај тоа што е вкусна и лесна за подготовка, оваа салата е и доста практична бидејќи може да се служи и топла и ладна.

Состојки:

500 гр пилешко месо
1 кг компир
3 моркови
1 главица црвен кромид
3 краставици
180 гр павлака
2 лажици мајонез
сол, бибер
магдонос
зачини по вкус

Подготовка:

Во лонец ставете околу 1,5 литри вода и ставете ги компирите, морковите и пилешкото месо, па оставете ги да се варат на тивок оган.

Сварениот зеленчук, пилешкото, краставиците и кромидот исечкајте ги на ситни коцки, а потоа ставете ги сите во една голема чинија.

Додадете сол, бибер и зачини по желба, па измешајте сè заедно со мајонезот и павлаката.

Јадењето е готово веднаш потоа, а може да се јаде и ладно.

На здравје!

Слични содржини