Милошоски: Преговорите за францускиот предлог се воделе во тесен круг

од Nikola Popovski
259 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денес истакна дека преседан е што македонската влада не сака во собранието да дискутира за судбината на Македонија, што не е консултиран ниту еден од раководството на директоратот за меѓународно право во МНР. Тој повторно побара оставка од премиерот Димитар Ковачевски и министрите Бујар Османи и Бојан Маричиќ.

„Прво јас ќе изнесам една нова информација денес а тоа е следното, извршната власт не само што преговарала за овој облик на францускиот предлог за пореговарачка рамка и за двостраниот македонски бугарски протокол, туку и во тие разговори го исклучи сосема парламентот како најлегитимното место каде што треба да се водат разговори кога станува збор за прашања кои што надминуваат мандат на еден политичар, на една влада, или на едно законодавство. Тие сакаа да се сокријат од пратениците затоа што очигледно е дека овие преговори се воделе во еден тесен круг, и веројатно тројката била Ковачевски Бујар Османи, Бојан Маричиќ“, изјави Милошоски.

Тој додаде и дека ниту за преговарачката рамка од Франција, ниту за двостраниот македонско бугарски протокол не е консултиран ниту еден од раководството на директоратот за меѓународно право во МНР.

Слични содржини