Вистината боли, но мора да се кажува, му порача Николоски на Османи

од Nikola Popovski
198 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски реагираше на денешниот Фејсбук-статус на шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, откако во текот на вчерашниот ден Николоски во интервју изјави дека „Османи работи Албанија да почне преговори со ЕУ, а за Македонија што биде, биде“.

-Тоа го боли. Ама вистина е. Исто како што пред 4 години кажав дека работи Македонија да влезе во иста група со Албанија која беше многу позади нас. Рекоа дека тоа што го кажувам е ,, научна фантастика“ . После неколку месеци таа ,,научна фантастика“ се реализираше и Македонија НЕ ДОБИ датум за преговори, ама затоа влезе во иста група со Албанија. Исто така уште тогаш во 2018 кажав дека Македонија со СДСМ и ДУИ нема да почне преговори. Еве ја 2022, Македонија не почнува преговори, стои во реакцијата на Николоски.

Потпретседателот на најголемата опозициска партија потенцира дека „вистината боли ама мора да се кажува“.

Османи смета дека „Николовски во неколку наврати не само што ги преминува црвените линии на пристојност, туку без трунка одговорност, онака лежерно и волунатаристички, се напаѓа севкупната државна позиција и успехот на целиот политички спектар да се обедини околу стратешките прашања“.

-Преку фрлање дрва и камења по Албанците како да се непријатели на оваа држава, се прави обид да се направи етнички јаз по стратешките прашања, да се направи раздор по етничка линија, со цел да се ослабне позицијата на државата и со тоа да се обезбеди политичка предност за опозицијата. Наша задача е тоа да го покажеме, јасно и гласно да го посочиме, и со тоа да ги осуетиме. Да ве уверам дека нема да успеат: ќе ги зачуваме националните интереси на нашите сограѓани Македонци, ќе ги зачуваме и македонскиот јазик и посебноста на македонската култура и пристојноста, а воедно и ќе ѝ обезбедиме европска иднина на земјава и на сите нејзини граѓани, порача Османи.

Слични содржини