Трудо и Зеленски разговараа за понатамошната помош на Канада за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Канадскиот премиер Џастин Трудо имал телефонски разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски, во кој разговарал за ситуацијата во Украина и натамошната помош од Отава и земјите од Г7 за таа земја, соопшти канадската влада.

„Премиерот Џастин Трудо разговараше со претседателот на Украина Владимир Зеленски додека тој е на самитот на Г7 во Германија“, се вели во соопштението на прес-службата на канадската влада, пренесува ТАСС.

Двајцата лидери „разговараа за тоа каква дополнителна помош би можеле да ѝ пружат Канада и земјите од Г7 на Украина“, се вели во соопштението.

Слични содржини