276
Состојки:
– 200 гр путер
– 50 гр шеќер, може и помалку
– 50 гр кафеав шеќер
– малку сол
– 230 гр брашно
– 1/2 лажичка прашок за пециво
– 1/2 лажичка сода бикарбона
– 50 гр шеќер
– 3 рамни лажици какао
– 1/3 лажичка мелен кардамон
– 150 гр печени и солени кикирики
Подготовка:
Измешајте путер со двата вида шеќер и сол.
Додадете брашно со мешавина од прашок за пециво и сода бикарбона.
Посебно измешајте го шеќерот со какаото и кардамонот, па измешајте го во смесата.
На крај додадете ги сечканите кикиритки и замесете тесто.
Направете мали топчиња со рацете, а потоа ставете ги меѓу дланките и лесно притиснете.
Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, оставајќи простор меѓу нив.
Печете на 180 степени помеѓу 10 и 15 минути.