Германија и Европската унија посочија дека не ја исклучуваат можноста да присуствуваат на самитот на Г-20 во ноември, и покрај поканата што Индонезија ја упати до рускиот претседател Владимир Путин.
– Германија „не би ја торпедирала“ работата на Г20 – изјави Шолц утринава за телевизијата ЗДФ, пренесува АФП.
Зборувајќи на самитот на Г7 во Баварија, каде што е домаќин, германскиот канцелар вели дека развиените и економиите во развој кои ја сочинуваат Г20 продолжуваат да играат „голема улога“ и дека соработката е клучна.
Тој вели дека конечната одлука за тоа дали ќе присуствува на самитот ќе ја донесе подоцна оваа година „непосредно пред заминувањето“.
Неговите размислувања ги повтори и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, која исто така не исклучува дека ќе се сретне со Путин во ноември.
– Важно е и лично да му кажеме што мислиме за него. И мора внимателно да размислиме дали сакаме да ја парализираме целата Г20 – изјави Фон дер Лејен.
Индонезија одби да го блокира рускиот лидер да присуствува и покрај глобалните критики за неговата инвазија на Украина – но, како што забележува Шолц, домаќинот на Г-20 упати покана и до украинскиот претседател Владимир Зеленски.