Согласно членот 23 од Законот за мирно решавање на работни спорови, кога ќе изброите 20 дена, денеска е 27-ми јуни и никој досега не не повикал. Од утре веќе нема што да се помируваме. ССМ е со ставот дека треба да се случи тоа што ни беше ветено на 1-ви мај. Доколку тоа не се случи, ние ќе го бараме излезот во Собранието преку овој амандман. За утре идејата ни беше да поставиме столчиња колку што има во Комисијата за буџет и финансии, но ете ја одложија таа Комисија и не се знае дали ќе биде во четврток или петок, рече претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски.
Димовски појаснува дека „ако се забави проблемот, треба секој да не викаат и да седиме во пет часот и да се убедуваме“.
-2806 денари сега, ако треба и спогодба ќе потпишеме каде се обврзуваме да направиме методологија. Ако н еим се допаѓа, спремни сме на реформи. Денес читаме твитови дека „ние ништо не работиме како државна администрација“. Не е точно, ние работиме за тие што не одат на работа. Тоа е од нивните редови, тие партиски војници, бидејќи излезе анализа дека јавната администрација пораснала за 2500 работници. Добро е ако се работници, но ние знаеме дека имаме неработници кои се на платен список и сето тоа се одразува на нас како даватели на јавен сервис на граѓаните. Тие што ги гледате по шалтерите на столчињата тие се работниците, а тие што не ги гледате, а ние бидејќи работиме за двајца или тројца што не одат на работа, не може нашите да ги нарекувате неработници, затоа што ферски си ја работат работата и заработуваат парче леб, рече Димовски во емисијата „Топ тема“.