Норвешкото Министерство за правда и јавна безбедност соопшти дека норвешките граѓани чии пасоши не се обновени по пандемијата на коронавирусот сега можат да патуваат во Грција со истечени патни документи.
Во соопштението објавено минатата недела, Министерството наведува дека Норвежаните ќе можат да патуваат во Грција со истечен пасош до крајот на 2022 година, пренесува порталот ShengenVisaInfo.com.
„Од норвешката страна, оваа шема значи дека лицата на возраст над 16 години можат да се идентификуваат со пасош кој е истечен помалку од три години пред влезот во Грција“, се вели во соопштението.
Децата помлади од 16 години може да се идентификуваат со пасош кој истекол помалку од една година пред да влезат во Грција, а поништените пасоши не можат да се користат.
Детските пасоши имаат пократок рок на важност поради ризикот од киднапирање.