Шампионот во Серија „А“ добил помалку пари од ТВ права од последниот во Премиер лигата

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Шампионот од минатата сезона во Серија „А“, Милан, земал помалку пари од телевизиските права од последниот во Премиер лигата, Норвич. Ова покажува шокантната споредба што ја направи „Газета дело спорт“. „Росонерите“ добија 77,8 милиони евра, додека „канаринците“ ја наполнија касата со 105 милиони евра.

Ова објаснува и како толку лесно Њукасл го победи Милан во битката за Свен Ботман. Италијанците не можеа да си дозволат да платат повеќе од 30 милиони евра за Холанѓанецот, додека „страчките“ лесно извлекоа речиси двојно повеќе.

Најмногу пари од ТВ правата во Серија „А“ минатата сезона доби Интер со 84,2 милиони евра, следен од Јувентус со 77,9 милиони евра, а Милан е само трет на оваа ранг-листа со 77,8 милиони евра. Следат Наполи со 68,5 милиони евра и Рома со 64,1 милиони евра. На сметката се пресметуваат и парите од продажбата на билети, како и од настапот на тимовите на различните турнири.

Сето ова уште еднаш покажува колку е голема разликата во моментов помеѓу Серија „А“ и Премиер лигата. Англиските клубови добиваат далеку посериозни суми и тоа им овозможува да бидат многу посилни на трансфер пазарот.

Ова во голема мера ги потврдува зборовите на претседателот на Милан, кој неодамна изјави дека Серија „А“ станала Серија „Б“ во споредба со другите големи лиги.

Слични содржини