Фонсека пристигна во Франција, ќе го преземе Лил

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Поранешниот тренер на Рома, Пауло Фонсека, пристигна во Франција за да го преземе тимот на Лил, објави „Екип“.

Според информациите, страните се договориле на две сезони.

Фонсека е без работа од минатото лето. Последен пат ја водеше Рома, а претходно три години беше тренер на Шахтјор (Доњецк).

Португалецот на чело на „кучињата“ ќе го замени Жослен Гурвенек, кој беше ослободен по завршувањето на кампањата.

Лил, францускиот шампион за 2021 година, минатата сезона во Лига 1 заврши на 10. место.

Слични содржини