Шкријељ до Лефков: Си седеше од страна и си правеше клипчиња, наместо да ја смириш ситуацијата во Собранието

од Nikola Popovski
264 прегледи

Мојот став за тоа што се случува во Собранието е дека не треба да дозволиме такви сцени да гледа јавноста. Ние сме платени од луѓето да креираме мерки кои ќе помогнат на луѓето, а не да испраќаме пораки кои што можат да ја наведуваат јавноста да постапува во ралзичен правец. Треба да сме свесни како нашето однесување влијае надвор во јавноста. Јас за разлика од вас колега Лефков, се обидов да ја смирам ситуацијата и бев шокирана од тоа што се случи. Не покажувајте како се однесувате во Собрание, пред јавноста. Вие седевте од страна, снимавте и правевте клипчиња, му се обрати пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ на нејзиниот колега од опозицијата Миле Лефков.

Шкријељ повтори дека такви сцени како вчера се недозволиви.

-Во однос на дебатата, зошто опозицијата не се обиде да влезе во амандманска расправа, 388 амандмани од прв до последен ден. Три години да се заменат со десет дена, до 388, тоа се амандманите. Колегата Лефков многу добро знае кои се тие колеги од опозицијата кои што лично имаат интерес да нема доволен број на судии, па да застарат судски постапки. Да бидеме искрени и да видиме што се случуваше на Комисијата за образование и политички систем, каде по раце ги мававте претседателките? Постојат видеа за тоа. Приоритет треба да ви биде интересот на граѓаните, му порача пратеничката на СДСМ на Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини