Евроамбасадорот Гир на денешниот Мешовит парламентарен комитет РСМ-ЕУ упати јасна порака дека ЕУ очекува поддршка од пратениците за Законот за продолжување на рокот за пензионирање на судиите.
„Пензионирањето на голем број судии останува предизвик. Затоа, предлог измената е важна за да се надополни недостатокот на персонал во судството и обвинителството. Чекаме да се комплетира и бројот на судии во Уставниот суд без кои тој не би можел да функционира.“ рече Гир.
ВМРО-ДПМНЕ два дена се обидува да го блокира овој закон, а се случија и инциденти на самата седница на собраниската комисија.
СДСМ обвини дека опозицијата го блокира законот за да се попречи правдата.
Јасна е порака од Евроамбасадорот Гир, ЕУ очекува решение затоа што правото и владеењето на правото се значајни и во однос на полноправното членството во Унијата.